Различни избирачки списоци во Охрид

Од:

Списоците за парламентарните и претседателските избори во Охрид не се идентични. Имено, разликата меѓу овие два списоци била некаде околу 600 гласови, а дел од граѓаните ги има на едниот список додека ги нема на другиот.

Од Општинската Изборна Комисија велат дека тоа е така затоа што заклучувањето на списокот за парламентарните избори и списокот за претседателските било во различен временски период.

Некои од граѓаните кои не биле пријавени за претседателските избори и биле болни сега биле пријавени за парламентарните. Исто така, едниот список бил помал затоа што дел од гласачите не биле тука, односно се иселиле. Во најголем дел од избирачките места каде што нема болни, списоците се идентични.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски