Севернокорејскиот лидер Ким-Џонг-ун ја повика армијата да се модернизира и да гарантира дека е способна да победи во секој евентуален судир со САД.
Ким претседаваше со седницата на Централната воена комисија и пред присутните ги потенцираше важните задачи за идниот развој на Корејската народна армија и начините за нивно постигнување.
Тој ја потенцира неопходноста да се подобри функционирањето и улогата на политичките органи на армијата за да може да се зачува славната историја и традиција вооружените сили да бидат во служба на партијата, да извојуваат една победа по друга во евентуалните судири со САД и да ја исполнувата својата задача како ударна сила и лидер во изградбата на една просперитетна нација, јави БТА.
Американскиот претседател Барак Обама предтходно ја предупреди Северна Кореја дека е подготвен да ја употреби својата воена моќ за да ги заштити американските сојузници.