Гласањето на предвремените парламентарни избори и вториот круг од изборите за претседател на РМ на теориторијата на општините Охрид и Дебрца се одвива непречено, во демократска атмосфера.
Според информациите од ОИК на двете општини, во Охрид до 10 часот правото на глас го искористиле 5.500 граѓани или 10,75 отсто од регистрираните лица со право на глас, додека на тероторијата на општина Дебрца до 10 часот гласале 576 лица или 13 отсто од регистрираните гласачи.