Во Кочанско-виничкиот регион избирчките места отворени на време

Од:

Во Кочанско-виничкиот регион гласањето за предвремените парламентарни избори и за вториот круг за председателските е почнато на време во сите избирачки места.

Во општина Кочани правото на глас можат да го искорстат 32.697 граѓани за вториот круг од председателските избори и 32.550 граѓани за предвремените парламентарни избори на 63 избирачки места.

Во општина Виница ќе се гласа на 33 избирачки места. За претседател гласаат 16.868 граѓани, а 16.669 за парламентарните избори.

Во општина Зрновци се гласа на четири избирачки места. За претседател гласаат 2.616 граѓани и 2.584 за парламентарните избори.

Во општина Чешиново Облешево за председател ќе гласаат 5.781 граѓани, а за парламентарните избори 5.738 граѓани на 13 избирачки места.

Во општина Пробиштип се гласа на 46 избирачки места. За председател ќе гласаат 13.095 граѓани, а за парламентарните избори 13.053 граѓани.

Од изборните комисии потврдуваат дека изборниот материјал е доставен на време и оти гласањето се одвива без проблеми, во фер и демократска атмосфера.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме