Народните вооружени единици во регионот на Доњецка заробиле тројца припадници на специјалните единици на Украинската служба за безбедност (ШУ), кои дошле од Киев.
Претставници на вооружените формации на „Народна Република Доњецк“ велат дека приведените специјалци имале задача да спроведат извидувачка акција и да го заземат логорот Безлер на лидерите на силите за самоодбрана, пренесе „Итар Тас“.
Истовремено руските медиуми пренесуваат дека непознатите напаѓачи кои во сабота пристигнаа со хеликоптери и го нападнаа контролниот пункт во градот Соледат во регионот на Доњецк, се повлекле. Тие наводно со себе зеле еден припадник од редовите на полицијата, пренесе „Русија денес“.
Е. Г