Одбојкарките на Форца Волеј по седми пат ја освоија шампионската титула во првенството на Македонија.
Во третиот финален натпревар од плеј-офот Форца Волеј на домашен терен постигна победа убедлива победа 3-0 во сетови против Јанта Волеј и со максимални 3:0 во победи стигна до титулата.
Резултатот по сетови беше: 25:20; 25:14 и 25:18.
Форца Волеј сезонава има „двојна круна“, бидејќи е освојувач и на Купот на Македонија.