А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Масовен одѕив во гласачките места во Северна Америка

by А1он27/04/2014 - 09:13184
Share0

Гласањето на вториот круг од претседателските избори и на предвремените парламентарни избори во сите шест гласачки места во изборната единица број 8, која го покрива американскиот континент, вчера заврши со поголем одѕив во споредба со првиот круг на гласање на 12 април.

Следете a1on на Instagram Instagram

Над 1.700 гласачи излегоа на гласачките места во амбасадите во Вашингтон и Отава и конзулатите во Њујорк, Детроит, Чикаго и Торонто. За споредба, на 12 април, кога се гласаше на првиот круг на претседателските избори, излегоа околу 650 гласачи. Вчера најмасовен бил одѕивот во конзулатот во Чикаго, каде на предвремените парламентарни избори гласаа 572 гласачи. Зад Чикаго е конзулатот во Торонто, каде на гласање излегоа 448 граѓани, а потоа следи Њујорк, каде гласаа 420 граѓани. Во Детроит, 220 граѓани го искористиле правото на глас на претседателските избори, а 333 на парламентарните. Во амбасадите во Вашингтон и во Отава, каде нема поголеми заедници на граѓани од Македонија, гласаа по 30, односно 20 граѓани.

– Ова е голем ден за македонските граѓани кои живеат во Соединетите Американски Држави, кои денес по вторпат гласаат на парламентарните избори и првпат гласаат за претседател на Република Македонија. Правото на глас е основно клетка на демократијата и со тоа што нашите граѓани го даваат својот глас на овие избори се вклучуваат во избирачкиот процес во Република Македонија, изјави амбасадорот на Република Македонија во САД Зоран Јолевски, кој го искористи своето гласачко право во амбасадата во Вашингтон.

Конечните резултати се очекува да бидат објавени од страна на Државната изборна комисија.

izbori

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Предраг Петровиќ21/09/2026 - 19:07

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

Предраг Петровиќ21/09/2026 - 16:50

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ11/09/2026 - 19:2111/09/2026 - 19:24

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Предраг Петровиќ11/09/2026 - 17:31

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски11/09/2026 - 14:2511/09/2026 - 14:26

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Горан Наумовски11/09/2026 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео