А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Речиси 50 проценти излесност до 17 часот во Брисел

by А1он26/04/2014 - 17:58176
Share0

Речиси половина од пријавените гласачи за парламентарните избори на избирачкото место 5003 во Седмата изборна единица во Брисел го оствариле своето гласачко право до 17 часот, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Добивај вести на вибер

Според претседателот на Избирачкиот одбор во Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Македонија во Кралството Белгија, Даим Илјази, 365 од 777 пријавени гласачи веќе го оствариле своето граѓанско право, додека 71 од 98 пријавени тоа го сториле за претседателските избори.

– Изборите течат во мирна атмосфера и најдобар ред. Речиси половина од пријавените за парламентарните го остварија своето право, но очекуваме до затворањето на гласачките кутии во 19 часот таа бројка значително да се зголеми, со оглед на тоа што голем дел од македонските државјани денеска се на своите работни места во Брисел, изјави претседателот на избирачкиот одбор Иљази.

Досега, единствен проблем на денешното гласање во Брисел е што околу 70-тина македонски државјани, иако пријавени, поради различни пропусти при поднесувањето на пријавата за гласање, од Државната изборна комисија не биле заведени во избирачкиот список, па иако се појавија на гласачкото место, тие не добија можност да го остварат гласачкото право.

Едно лице беше спречено од членовите на избирачкиот одбор, да гласа заедно со својата сопруга зад параванот.

izbori

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:41

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Горан Наумовски31/10/2025 - 07:31

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

Горан Наумовски30/10/2025 - 20:37

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски19/10/2025 - 19:0019/10/2025 - 15:08

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски19/10/2025 - 16:3219/10/2025 - 16:33

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“

Горан Наумовски19/10/2025 - 14:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен