Хеликоптерот, кој се урна денеска во јужен Авганистан е сопственост на британската армија, соопшти британското Министерство за одбрана, без да ја потврди националноста на петмината војници од Меѓународните сили на НАТО во Авганистан (ИСАФ), кои загинаа во инцидентот.
Идентитетот на петмината војници од ИСАФ не беше разоткриен, како и точното место на несреќата, но според неофицијални информации од британските владини извори и од авганистанските власти, станува збор за Британци.
Британскиот хеликоптер се урна во 6:30 часот според Гринич во округот Тахта Пул, изјави за ДПА претставник на властите во авганистанската провинција Кандахар.
Талибанците изјавија дека тие го собориле хеликоптерот. Портпаролот на бунтовниците Кари Јусуф Ахмади изјави дека сите војници во хеликоптерот се убиени.