Неправилности на гласањето на дијаспората во Европа?

Од:

Постапката за гласање на дијаспората во Европа започна со голем број на неправилности, посочува една политичка партија.

Основниот проблем, според дописот до А1он се состои во тоа што голем број на избирачи Албанци од дијаспората во одделни држави во Европа во изборната единица 7 не се запишани во Избирачкиот список.

Велат дека од Државната изборна Комисија нема составено одвоен список на избирачи за 7-та изборна единица, туку сите гласачи од дијаспората кои аплицирале за да гласат се евидентирани во ист Избирачки список.

Иако голем дел од нив се наоѓаат во Европа евидентирани се како гласачи кои гласаат во земјата. Партијата најавува дека ќе поднесе приговор до Државната изборна комисија и ќе побара повторување на изборниот процес. За ова ќе биде известена и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.

Имињата на гласачите кои се пријавени и на кои им е соопштено дека ќе можат да го остварат птавото на глас а сепак не се евидентирани во избирачкиот список по одделни држави во Изборната единица 7 до 12 часот е како подолу: Во Берн Швајцарија на над 500 гласачи, иако се евидентирале за гласање, не им е дозволено да гласаат, во Виена Австрија на над 200 гласачи, во Бон Германија над 100 гласачи, во Рим Италија над 700 гласачи. Во Тирана Р.Албанија, според оваа партија имало појава на гласање со фалсификувани лични документи како лични карти и пасоши издадени во Р.Македонија.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226