Двајца скопјани нападнати со безбол палки

Од:

Утринава околу 01:20 часот во Скопје на улицата „Џумајска“ бр.9, од неколку лица кои биле маскирани и со безбол палки, физички биле нападнати скопјаните Д.Ф.(1993) и М.Д.(1989).

При нападот оштетено е и патничкото моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски ознаки. Веднаш после нападот лицата се разбегале, а додека го вршеле нападот не проговориле ништо.

Причината за нападот е непозната.

Нападнатите се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, каде им е укажана лекарска помош и констатирани им се телесни повреди, по што се пуштени на домашно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип