Во три планински села во Карбинци избирачките одбори ќе се транспортираат со теренски возила

Од:

Општинската изборна комисија во руралната општина Карбинци се подготвува утре членовите на избирачките места да ги транспортира со џипови, доколку заглават во кал напомош треба да им пристигнат и трактори со салји, со цел навреме да се отворат три избирачки места на планината Плачковица.

Претседателот на ОИК-Карбинци Делчо Стоилов изјави дека  постојаните врнежи од дожд во овој регион ги направија непристапни земјените патишта до три планински села.

– Тоа се избирачките места 2327 во Голем Габер, 2323 Руљак и 2330 во Оџалија. За селото Оџалија делумно е асфалтиран патот, делумно е земјен коловоз, додека за Руљак и за Голем Габер е земјен коловоз, нема ниту интервенирано за поправки и одржување на овие две места, рече Стоилов.

Во општина Карбинци денеска гласаа 23, а во Штип 217 болни и изнемоштени лица. Во Затвор Штип гласањето се одвива без проблеми, право на глас имаат 164 осуденици. Во раните утрински часови е забележана голема излезеност на затворениците кои имаат право на глас и кои се евидентирани во избирачкиот список.

Заменик-претседателот на Избирачкиот одбор во Затвор-Штип, Влатко Конев, изјави дека до 12 часот гласале 106 осуденици.

Во 13 општини во источна Македонија, од Лозово до малешевско-пијанечкиот регион, право на глас имаат 162.403 гласачи, а на списокот за иселени регистрирани се 8.818 лица. Во овие општини има вкупно 373 избирачки места.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме