Набљудувачите на ОБСЕ се шпиони на НАТО, тврдат проруските сепаратисти

Од:

Проруските бунтовници, кои во заложништво држат група меѓунарподни набљудувачи на Органзиацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во источна Украина, денеска изјавија дека тие се „шпиони на НАТО“ и оти нема да ги ослободат. 

– Ние вчера уапсивме некои шпиони на НАТО и тие ќе бидат разменети за наши затвореници. Не гледам друг начин тие да бидат ослободени – изјави лидерот на самопрогласената Доњецка република, Денис Пушилин.

Тој изјавата ја даде пред зградата на украинската служба за безбедност во Славјанск, каде се држат заложниците.

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен вчера изјави дека проруските сепаратисти уапсиле 13 членови на тимот на ОБСЕ – набљудувачи, преведувач и возач. Во тимот има четворица Германци од кои тројца се припадници на германската армија.

Вашингтон побара итно ослободување на киднапираниот тим на ОБСЕ, а портпаролката на Стејт департментот, Џен Псаки, тврди дека „постои силна поврзаност меѓу Русија и сепаратистите“ во источна Украина.

Седиштето на ОБСЕ во Виена соопшти дека сите набљудувачи на главниот тим во Украина се на број и оти најверојатно е киднапирана помала невооружена воена набљудувачка мисија под германска команда.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски