Кога ќе ги прашате повеќето луѓе дали вклучувањето на родителите е корисно за академските резултати на децата, тие ќе одговорат „Да, се разбира“. Но доказите од нашето истражување наведува нешто друго. Всушност, повеќето форми на учество на родителите, како што е доаѓање на предавањата кај детето или контактирање со училиштето во врска со однесувањето на детето, или пак помошта детето да си ги одбере предметите во средно училиште, или помагајќи му во пишувањето на домашните задачи, не помага во подобрувањето на успехот на ученикот. Во некои случаи тоа дури и одмага.
Во последниве неколку години, спроведовме интензивно истражување околу тоа дали подлабоката вклученост на родителите во академскиот живот на нивните деца ги подобрува резултатите на тестовите и оценките. Се задржавме на ова прашање затоа што забележавме дека додека законодавците се убедени дека учеството на родителите позитивно влијае врз образувањето на децата, академските истражувања не го покажуваат тоа.
И покрај ова, се поголемото учество на родителите беше една од фокус точките и на програмата „Ниту едно дете да не заостане“ на претседателот Џорџ Буш, и на програмата „Трка до врвот“ на претседателот Обама. И двете програми го промовираат учеството на родителите како еден од елементите за пополнување на јазовите во постојаните социоекономски и расни достигнувања.
Ги анализиравме лонгитудиналните истражувања на американските семејства во текот на три децении (од 80-ите до 2000-те), и собравме демографски информации за расните и етничките групи, за социоекономскиот статус на семејствата, за академските резултати на децата во основно, средно и на факултет, како и информации за нивото на родителското учество во 63 различни форми.
И што откривме? Една група родители, меѓу кои се црни и хиспано, како и некои азијати (како Камбоџанци, Виетнамци и од пацифичките острови) изглегоа сосема слични како и втората група од бели родители и други азијати (Кинензи, Кореанци, и Индијци) во фреквенцијата на нивното учество. Општа причина зошто толку деца од првата група имале толку лоши академски резултати во просек било што нивните родители до одреден степен не го вреднувале образованието. Но нашето истражување открива дека овие родители сепак им помагале на нивните деца на училиште, исто онолку колку и родителите од втората група.
Не држи ни впечатокот дека децата се подобри на училиште кога нивите родители се поактивно вклучени во нивното образование. По споредувањето на просечните резултати на децата чии родители редовно биле вклучени во секоја форма на родителска учество, до тоа на врсниците на децата чии родители не се вклучени, откриваме дека повеќето форми на родителско учество не носат никаква корист за резултатите на тестовите или на оценките, без оглед на расниот или етничкиот бекграунд, или пак на социоекономските услови.
Всушност, има повеќе случаи кога децата имале повисоки нивоа на постигнувања кога нивинте родители биле помалку вклучени отколку кај оние чии родители биле повеќе вклучени. Дојдовне дури и до сосема спротивен заклучок: Кога учеството на родителите изгледа дека е важно, последиците во постигнувањата на децата се повеќе негативни отколку позитивни.
Ако учеството на родителите носи академска корист за децата, тогаш тоа зависи од тоа со какво однесување родителите учествувале и каков академски резултат бил истражуван, потоа какво било нивото на оценки на децата, за расната или етничката припадност на семејството, и за социоекономските услови на семејството. На пример, редовните разговори со децата за тоа што се случува на училиште изгледа има позитивен ефект во оценките по математика и читање кај хиспано децата, но истото има негативен ефект по оценките од тестовите по читање кај црните деца, и негативни оценки на тестовите и по читање и по математика кај белите деца (но само во основно училиште). Кога редовно им се чита на децата од основно уччилиште, тоа најверојатно е корисно за резулатите по читање и кај белите и кај хиспано децата, но е поврзано со послаби резултати по читање кај црните деца. Законодавците не треба да препорачуваат модел „еден по мерка за сите“ за родителско учество.
Но што кога родителите дома работат директно со децата на учењето? Кога истраживме дали редовната помош во пишувањето на домашните задачи има позитивно влијание на академските резултати на децата, бевме сосема изненадени од тоа што го откривме. Без разлика на социјалната класа на семејството, расната или етничката група на која им припаѓаат, или во кое одделение одат децата, константната помош во домашните задачи скоро никогаш не дава подобри резултати на тестовите или во оценките. Излегува дека повеќето родители се неефикасни во помошта која им ја даваат на децата во пишувањето на домашните задачи. Дури поизненадувачки за нас беше тоа што кога родителите редовни им помагаат во домашните, децата вообичаено имаат полоши резултати. Освен во еден интересен исклучок: групата на азијати во кои се вклучени кинески, корејски и индиски деца, изгледа имаа корист од редовната помош во домашните задачи, но оваа корист е ограничена на оценките кои тие го добиваат за време на адолесценцијата, и не влијаела врз резултатите на тестовите.
Нашето откритие исто наведува дека идејата дека учеството на родителите ќе биде решение за еден од оние најважни и нерешливи проблеми во образованието, во пополнувањето на расните и етничките јазови, не пронајдовме доказ за тоа. Ова е затоа што нашите анализи покажаа дека повеќето однесувања на родителите немаат корист за академските резултати на децата. Во некои форми на родителско учество за кое излегува дека има позитивно влијание врз академските резултати на децата, најдовме барем уште толку причини во кои почестата вклученост на родителите е поврзана со послаби академски перформанси на децата.
Како што излегува, листата на тоа што воглавно функционира е кратка: очекувањето вашето дете да се запише на колеџ, разговори со децата поврзани со училиштето (и покрај компликациите кои претходно ги спомнавме) и инсистирањето вашето дете да слуша предавања кај одреден наставник.
Дали нашите откритија навестуваат дека родителите не се важни за академскиот успех на децата? Нашиот одговор е не. Веруваме дека родителите се критични околу тоа колку се успешни децата на училиште, само не според конвенционалниот начин кој ги промовира нашето општество. Суштественатата состојка е родителите да комуницираат за вредностите на образованието, порака која родителите треба да ја испратат рано во животите на нивните деца, и потребата таа со текот на времето повторно да се покажува. Но оваа порака нема потреба да биде комуницирана преку конвенционалното однесување, како што е одењето на состаноците на ПТА (Националната асоцијација на наставници и родители) или да се среќавате со наставниците.
Кога федералната влада ќе објави задолжително спроведување на програмата со која се зголемува учеството на родителите, училиштата често ги поттикнуваат родителите да поминуваат повеќе време волонтирајќи, да доаѓаат на настаните во училиштето, да им помагаат на нивните деца со домашните задачи, и така натаму. Во земјава постои длабоко всадено чувство дека родителите се важни во секој аспект поврзан со академскиот успех на нивните деца, но треба да го напуштиме ова чувство и да почнеме да обрнуваме внимание на она што ни го кажуваат доказите.
Големата мудрост која произлегува од сето ова е: затоа што нема штета во учеството на родителите, зошто да не предложиме што е можно повеќе начини како родителите да учествуваат во училиштето? Но ваквата мудрост е фалична. Училиштата треба да се тргнат настрана да даваат покритие на пораката до родителите дека тие треба да бидат повеќе вклучени, и наместо тоа да почнат да се фокусираат да им помагаат на родителите да пронаоѓаат специфични креативни начини да комуницираат за вредностите од образованието, скроени според возраста на децата. Идните истражувања треба да истражат колку учеството на родителите може да стане поефикасно, но дотогаш родителите кои биле помалку вклучени или се чуствуваат несигурни околу тоа колку треба да бидат вклучени, не треба да се стигматизираат.
Што треба да направат родителите? Тие треба да ја постават основата, и потоа да се тргнат настрана.
Њујорк тајмс – Њујорк