Потпретседателот на британската Влада, Ник Клег денеска изрази загриженост поради составот на популарнот ќебап откако Агенцијата за стандард и безбедност на храната и потрпшувачката групација „Вич“ објавија дека во продавниците за брза храна се користи „сомнително месо“.
– Во извештајот се посочува дека ражничите и ќебапите кои се во продажба содржат свинско, говедско, пилешко, мисиркино и сомнително неидентификувано месо, пишува „Телеграф“.
По извештајот медиумите наведоа дека во оброците се наоѓа месо од домашни миленици дури и од глувци.
Клег истакна дека се надева оти здраствената инспекција ќе спроведе детална анализа.
Групацијата „Вич“ прегледала 60 различни јадења од јагнешко месо и утврдила дека во 29 од нив биле со сомнително потекло, 17 јадења содржеле месни отпадоци, седум воопшто не биле од јагнешко месо, а пет содржеле месо кое не можело да се идентификува.