Косовскиот премиер Хашим Тачи побара денеска од претседателството на косовското Собрание на дневен ред да го стави основањето Оружени сили на Косово, а косовската Влада на истата седница го усвои нацрт-законот за заштита и финансиска поддршка на лицата кои ќе се најдат пред Специјалниот суд за злосторства на ОВК.
Тачи, на состанокот на косовската Влада рече дека ова е „историски момент кој не треба да се пропушти“, пренесува Танјуг.
На владината седница усвоен е нацрт предлог за надополнување и промена на законот кој се однесува на оружените сили, како и нацрт закон за правна заштита и финансиска поддршка на лицата кои евентуално ќе се најдат во судски процес пред Специјалниот суд за злосторства, наведен во извештајот на Дик Марти, а основан од косовското Собрание.