Српски Блиц пишува за обвинувањето од страна на опозицијата дека премиерот Никола Груевски во 2004 година зел провизија од 1,5 милиони евра во кеш за продажба на 51 процент акции на Македонска банка„од контроверзниот српски бизнисмен Јовица Стефановиќ Нини“.
„Според Зоран Заев, Груевски тогаш под своја контрола имал шест фирми кои го имале мнозинскиот пакет акции на банката, официјално продадена за 900.000 евра, па така добил 2,4 милиони евра“, пишува Блиц.
Заев, пишува Блиц, на прес конференција, презентираше и аудио-снимки од разговорите со посредниците кои ги правеле договорите. На аудио снимката, наводно, се слуша и гласот на премиерот Груевски.
„Гордана Јанкуловска, министерката за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ, најави тужба за клевета против Заев кој ќе има можност да ја докаже автентичноста на аудио-снимката. Јавното обвинителство соопшти дека не може да ги троши ресурсите на секакви афери и обвинувања“, пишува Блиц.
Т.Ц.