Постпородилна депресија

Од:

Неделите и месеците кои следат по почетната радост поради раѓањето бебе можат да бидат емотивни и многу нестабилни, а причина за тоа може да биде постпородилната депресија.

Голем број причини можат да доведе до депресија кај мајките по породувањето. Една од причините е високото ниво на хоморни, кое за време на бременоста е високо, а по породувањето опаѓа. Втора причина е соочувањето на жената со фактот дека сега целосно е одговорна за животот на бебето, а тоа е голем товар.

Во поголем број случаи постпородилната депресија се повлекува по неколку недели или месеци по породувањето. Меѓутоа, кај некои мајки, а особено младите жени, депресијата може да достигне и серизоно ниво ако потрае подолго време.

Симптоми на поспородилната депресија се:

– Чувство на раздразливост, тага, безнадежност;

– Незаинтересираност за грижа за бебето;

– Чувство на безвредност или вина;

– Често плачење;

– Недостаток на сексуална желба;

– Ниско ниво на енергија;

– Премалку или премногу спиење или јадење;

– Тешкотии при концентрацијата;

Постпородилната депресија може да влијае на дневна рутина на мајката и да ја попречува грижата за бебето.

Постпородилата депресија се лекува со психотерапијата, како и со лекови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска