Колумбиската „кралица на кокаинот“ убиена пред месара

Од:

Гриселда Бланко, колумбиската „кралица на кокаинот“ е убиена во Меделин, град кој се наоѓа северозападно од Богота и е познат како центар на нарко бизнисот.

Како што пишува „Би-Би-Си“ во 69 годишната нарко – кралица е пукано додека таа излегувала од месара.

Таа беше една од првите во Колумбија кои „на големо“ носеа дрога во САД, во седумдесетите и осумдесетите години на минатиот век. Воспоставила многу „шверцерски“ канали, кои по нејзиното апсење и пресудата од 20 години затвор, ги презел меделинскиот картел.

Важела за безмилосна жена, за која се верува дека го нарачала убиството на десетина свои конкуренти за таа да го завладее тронот.

Во 1984 година, американскиот суд ја осуди на казна затвор, каде што ја и издржуваше казната се до 2004 година. Потоа беше депортирана во Колумбија.

Од нејзиното семејство велат дека по излегувањето од затвор, ги прекинала сите врски со криминалот.

Полицијата го истражува мотивот за убиството.

Би можело да ве интересира

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ