Марин Ле Пен: Еврото е грешка, време е да се поправи

Од:

Претседателката на француската десничарска партија Национеален Фронт Марин ле Пен изјави дека ќе покрене кампања против обврската што Франција ја презеде во договор со веропските партенри за строги мерки на буџетско штедење.

„Еврото е грешка. Време е тоа да се поправи“, рече Ле Пен.

Таа наведе дека нејзината партија која има два пратеници во францускиот парламент ќе гласа против тие мерки и ќе организира кампања против таквите чекори.

Француската влада ќе мора оваа година да изнајде шест до десет милијарди евра во облик на нови фискални приходи за да ги исполни преземените обврски и да го намали буџетскиот дефицит на 4, 5 насто бруто општествен производ наместо 5, 2 насто колку што беше во 2011 година.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он