А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Иванов: Со гласовите од граѓаните до просперитетна иднина за Македонија

by А1он24/04/2014 - 21:2873
Share0

Македонија економски силна и развиена, членка на Европската унија и НАТО, отворена кон светот, напредна земјоделска земја, Македонија во која младите ќе можат да добијат квалитетно образование…

Добивај вести на вибер

За тоа најавува дека ќе се залага кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов доколку ја добие довербата од граѓаните на вториот круг од претседателските избори в недела.

На митинг на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“, што се одржа вечерва во Пробиштип, Иванов побара поддршка за втор претседателски мандат, истакнувајќи дека со гласовите од граѓаните се спроведуваат реформите со кои се приближува Македонија кон Европа и со кои се гради Европа во Македонија.

– Создаваме економски силна и развиена држава во која доаѓаат нови инвестиции, се градат нови фабрики и се отвораат нови работни места. Со вашиот глас, ја отвораме Македонија кон Европа и светот, ја вклучуваме Македонија во европските и светски патни и енергетски коридори. Со вашиот глас го негуваме македонскиот модел на соживот и почитување на различноста што го наследивме од предците, што ни го оставиле во завет за нашите потомци, да се живее сложно и заедно. Затоа што сите сме Македонија, рече Иванов.

Тој повтори дека не прифаќа промена на Уставот со цел да се промени уставното име Република Македонија. – Не прифаќам идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, и македонскиот модел на соживот. Народот го има и првиот и последниот збор за ова прашање, нагласи Иванов.

Според него, програмата со која се бара доверба од граѓаните произлегува од нивните потреби и барања. Доколку повторно ја добие довербата најави дека ќе се залага за Македонија економски силна и развиена, членка на Европската унија и НАТО, отворена кон светот, напредна земјоделска земја, Македонија во која младите ќе можат да добијат квалитетно образование, работа и услови да формираат семејства и да имаат потомство, во која се негува вековната традиција на соживот, на прифаќање и на почитување на различноста….

– Ете таква Македонија ќе градиме бидејќи знаеме каде одиме и што сакаме. На дело покажуваме дека во оваа земја може да се живее добар живот. Заедно со вас, со вашиот глас да ја водиме Македонија во просперитетна иднина. Заедно со вас, ја вклучуваме Македонија во глобалниот натпревар меѓу земјите за тоа кој ќе донесе повеќе странски инвестиции и подобро ќе ја отвори својата економија кон светот, рече Иванов.

Тој нагласи дека в недела, на 27 април, граѓаните ја имаат моќта да ја определат иднината на Македонија. Од вашиот глас, посочи, зависи каква Македонија ќе имаме.

– Вашиот глас очекуваме да го дадете за тие што придонесуваат за подобра и попросперитетна, успешна и економски развиена Македонија. Со вашиот глас очекуваме голема победа, порача Иванов.

izbori

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:41

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Горан Наумовски31/10/2025 - 07:31

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

Горан Наумовски30/10/2025 - 20:37

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски19/10/2025 - 19:0019/10/2025 - 15:08

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски19/10/2025 - 16:3219/10/2025 - 16:33

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“

Горан Наумовски19/10/2025 - 14:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен