Поранешниот главен обвинител на Хашкиот трибунал Карла дел Понте гледа со недоверба, сомневања и зачуденост на одлуката на косовскиот Парламент за создавање специјален суд за воени злосторства за поранешната Армија за ослободување на Косово и смета дека таков суд не е неопходен, јави Танјуг.
Таа истакна дека веќе постои еден Трибунал – трибуналот на ОН во Хаг, кој со години работи на злосторствата во поранешна Југославија и оти истражувањето на злосторствата во Косово спаѓа исто така во работата на тој трибунал.
Дел Понте истакна дека има сомневања и во врска со тоа дека трибуналот ќе има седиште во Косово, кое што, според неа и никогаш не соработувал со Хашкиот трибунал по прашањето за илегална трговија со човечки органи.
– Истрагите продолжуваат четири години и досега ништо не е откриено, заклучи Карла дел Понте.