Заменик министерот за финансии и висок функционер на британската либералдемократска партија Дани Александар, изјави дека неговата партија е подготвена за влегување во една, идна владина коалиција, како со конзервативците на премиерот Дејвид Камерон, така и со сега опозиционите лабуристи.
Изјавата на Александар, кого во домашната политичка јавност го гледаат како можен наследник на сегашнипт лидер Ник Клег, доаѓа една година пред парламентарните избори во Велика Британја, предвидени за почетокот на мај 2015 година.
Сите досегашни испитувања на јавното мислење укажуваат дека лабуристите може да победат,но дека ниту една од трите главни политички партии во земјата, нема да успее да обезбедат доволно пратенички места,за да може сама да формира нова влада.
Според Александар, таквата „многу веројатна ситуација„ по изборите,за една година, ќе наложи одново да се прави коалиција за стабилна британска влада,како што е тоа сега случај,со „сино-жолтата„ коалиција меѓу ториевците и либералдемократите.
Оваа коалиција,што многумина ја нарекуваат „неприродна„ поради идеолошките разлики меѓу девете партии,се создаде во мај 2010,откако конзервативците добија најмногу гласови,но недоволно за да може сами ја водат земјата. За да нема нови избори и за да не се создаде „малцинска влада„ што ќе предизвикува постојана нестабилност,за прв пат по низа децении, се создаде коалиција.
Александар вели дека следната година,по изборите, неговата партија ќе се приклони кон оној што ќе има најмногу гласови, а сепак недоволни за да сам управува. Тој ја отфрла можноста либералдемократите да прават коалиција со поразениот, само за да остане во владата, доколку се тоа ториевците, или пак само за да се создаде влада на идеолошки блиски партии,доколку лабуристите би добиле најмногу гласови.
Либералдемократите во 2010 година добија таква понуда од тогашниот лабуристички лидер Гордон Браун, што Клег и Александар ја одбија.Нивните аргументи беа дека не е чесно да се прави влада со поразената страна,а Дани Александар сега вели дека една таква влада која практично нема мандат, во стартот ќе биде нестабилна,што пак е спротивно на британските државни интереси.