Лавров: Украинските власти се на потег

Од:

Украинските власти се должни да направат прв чекор ако се бара решение за украинската криза, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– САД треба да го искористат влијанието и да го убедат Киев да ги исполни обврските од меѓународниот договор од минатата недела за Украина, нагласи Лавров.

Според него, основен услов за излез од кризата во Украина е прекин на незаконските акции на властите во Киев.

– Украинските власти треба да знаат за својата одговорност од договорот од 21 февруари како и од 17 април во Женева. Таму јасно се кажува дека не смее да има никакво насилство. Да се употреби армијата, и да се потпирате на радикал-националисти против народот е недозволена форма на насилство. Според мене, тоа е криминално решение, изјави Лавров на прес конференција во Москва по средба со либанскиот колега Џебран Басил.

– Она што се случува сега во Славјанск, а во изминатата ниоќ и во Мариупол, е резултат на неодговорна политика, која се потпира на ултранационалистички, екстремистички и до голем степен, нацистички групи, кои согласно договорот од 21 февруари требаше да бидат разоружани, вели Лавров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски