Десет зборови, кои добиваат сосема поинакво значење кога сте родители

Од:

Да се биде родител е најважната работа на светот, која трае цел живот. Некои велат дека тоа патување е исполнето со неверојатни награди, а понекогаш со речиси невозможни предизвици.

Следуваат десет зборови, кои добиваат сосема ново значење, кога ќе добиете дете.

Сладолед

Што обично значи: Вкусен, замрзнат десерт. Што значи за родителите: Семоќно мито, кое може да се користи да за се натераат децата да го сторат тоа што вообичаено не сакаат да го направат.

Мекдоналдс

Што обично значи: Место на кое се купуваат бигмек, чизбургер, помфрит и останати занимации. Што значи за родителите: Место на кое децата добиваат настинка.

Време за спиење

Што обично значи: Заминувате на спиење. Што значи за родителите: Разработена рутина, која трае најмалку 20 минути и вклучува надгледување на миењето заби, читање приказни за добра ноќ и повторување по „сто пати“ на вашето дете: Спиј!

Проблем со компјутерот

Што обично значи: Вашиот компјутер има вирус. Што значи за родителите: Вашиот компјутер има остатоци од храна меѓу типките на тастатурата.

Одмор

Што обично значи: Големи градови, песочни плажи, познати скијачки центри. Што значи за родителите: Дизниленд

Грицки

Што обично значат: Вкусна храна, која се јаде меѓу оброците. Што значи за родителите: Смоки или чипс, кои вообичаено се наоѓаат на дното на вашата чанта.

Баби и дедовци

Што обично значат: Мама и Тато. Што значи за родителите: Прекрасни луѓе, кои ги чуваат вашите деца кога тоа е потребно.

Спиење

Што обично значи: Излежување во кревет до пладне. Што значи за родителите: Скокање од креветот во седум часот наутро.

Времето, кое го имате само за себе

Што обично значи: Добра книга и чаша вино. Што значи за родителите: Кога ќе можете да заминете сами во тоалет.

Забава

Што обично значи: Танцување на музика до раните утрински часови. Што значи за родителите: Пиење на лимонада во нечиј двор, додека децата трчаат наоколу.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска