Славниот лидер во потрага по уште едно „смрдливо“ сирење

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, за да го открие начинот на подготвување на неговото омилено француско „смрдливо“ сирење, испратил екипа експерти во Франција.

Иако источната покраина во Франција каде што се произведува тоа сирење се наоѓа со милји далеку, Ким Јонг Ун одлучил да внесе малку западен здив и галска култура во неговата земја.

Уморен од обидите Северна Кореја да произведе квалитетно сирење, неговиот тим во Франција ќе претстојува еден месец во градот Безансон, каде ќе посетуваат курс за производство на млеко во Националната млекара Колеж.

Поголемиот дел од времето во Франција експертската екипа ќе се занимава со производство на неговото омилено сирење Ементалер, изворно швајцарско сирење.

Но тоа не е единствена причина за оваа „млечна дипломатија“, Севернокорејската екипа ќе има задача да собере што повеќе информации за унапредување на стандардите на млекарниците во Пјонгјанг, во главниот град на Северна Кореја, која се бори со проблемот на недоволно производство на млеко.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт