Лавров: Западот се обиде да организира револуција во Украина

Од:

САД и Европската унија во Украина се обидоа да организираат уште една „обоена револуција“, односно неуставна промена на режимот, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Западот ја користи Украина како пион во својата геополитичка игра, рече Лавров во обраќањето на московскиот Државен институт за меѓународни односи, пренесува Гласот на Русија.

Тој додаде дека Украина не треба да биде искористена во геополитичката пресметка на силите, туку треба да послужи како спојка.

Русија очекува меѓународниот договор за решавање на украинската криза, постигнат на 17 април во Женева, да биде применет преку повеќе чекори во пракса, дополни Лавров.

– Русија очекува договорот од Женева да биде применет во блиска иднина, потенцираше шефот на руската дипломатија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски