Земјотресот со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала беше регистриран крај југозападното крајбрежје на Канада, соопшти американскиот Геолошки институт.
Засега нема податоци за евентуални жртви и за причинета материјална штета, а не е објавено ниту предупредување за можна појава на цунами.
Епицентарот на земјотресот бил на 94 километри јужно од градот Порт Харди на островот Ванкувер, со жариште на длабочина од 11 километри под дното на Тихиот Океан.