Фотографска изложба на проекти поддржани од ЕУ

Од:

На Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе биде отворена изложба на фотографии на проекти поддржани од Европската унија, насловена „Партнери во реформите“.

Изложбата ја организира Делегацијата на Европската унија во Република Македонија во соработка со Економскиот факултет и Центарот за податоци и информации за ЕУ кој функционира во рамки на факултетот.

На изложбата ќе се обратат Аиво Орав, шеф на Делегацијата на Европската унија во Македонија, и Љубомир Дракулевски, декан на Економскиот факултет-Скопје.

По нејзиното отворање, на Економскиот факултет ќе се одржи и предавање на тема „Економско владеење – учење преку искуствата на земјите-членки на ЕУ: Финска и Словенија“.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“