Со поразите во мечевите во 1. коло заврши настапот на македонските тенисери на фјучрс турнирот Ф15 во поединечна конкуренција кој се игра во египетското одморалиште Шарм Ел Шеик.
Стефан Мицов го загуби мечот со Аргентинецот Данте Џенаро со 2:0 – во сетови 6:4 и 6:3.
Бесир Дургути во дуелот со носителт број 4, Бариш Ердгуден од Турција загуби со истиот резултат, а освои еден гем повеќе (6:4 и 6:4).
Вчера на истиот турнир поразен беше и Томислав Јотовски со 6:3 и 6:1 од Чем Илкел од Турција.
Дургути и Мицов попладнево имаат меч во двојки против Туна Алтуна од Турција и Доминик Хрбати од Словачка, додека Јотовски во двојки со Џенаро од Аргентина вчера победија и утре во четвртфиналето ќе играат против четвртите носител Карим Хосам и Карим Мохамед Мамун од Египет.