Две години затвор за Зоран Даневски поранешен сопственик на „Џумајлија“

Од:

Две години казна затвор доби светиниколскиот бизнисмен Зоран Даневски, кој е во бегство. Судскиот кривичен совет, чиј претседател е судијата Ѓорги Андонов во Основниот суд во Штип донесе одлука со која Зоран Даневски е прогласен за виновен за донесени одлуки без согласност и одборение на Собранието на доверители во Агро комбинатот „Џумајлија“.

Портпаролот на Основниот суд-Штип, Стојан Михов вели дека Судскиот кривичен совет одлуката со која Даневски е огласен за виновен и му е изречена казна затвор од две години ја има донесено бидејќи, одлуките за позајмици на парични средства на неколку фирми меѓу кои и неговата ги има донесено без одлука на Собранието на доверители, а исто така донесувал одлуки без нивно знаење и одобрение за земање кредити.

Во штипскиот Основен суд во тек се и други две постапки против Зоран Даневски, кој е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување и за затајување на данок при продажба на вино, а во Основниот суд во Свети Николе се водат уште три постапки против Даневски меѓу кои и за исчезнувањето на државните резерви за жито,  чија вредност се проценува на околу еден милион евра.

Судските процеси против Даневски во двата суда се одвиваа без негово присуство, бидејќи и официјално е недостапен на надлежните институции.

Би можело да ве интересира

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи