(ВИДЕО) Капушевски: Многу нови проекти за развој и поддршка на спортот и младите

Од:

Изградба на нови спортски сали, игралишта, базени, фудбалски терени, стипендии за талентирани спортисти и млади, отворање дисперзирани студии на спортска академија од Скопје, рано откривање спортски таленти, развој на училишниот спорт, најави денеска на прес-конференција Ратко Капушевски од ВМРО-ДПМНЕ, директор на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ – Скопје.

– Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ посебен фокус има младата популација, во сферата на младинската политика, мерките кој се преземаат за развој на спортот и инвестициите во спортската инфраструктура се од капитално значење за развојот на здравиот начин на живот и во промовирањето на спортските вредности кај најмладата популација, рече тој.

Појасни дека освен изградбата на спортски сали, повеќенаменски игралишта, базени и фудбалски терени, во програмата се предвидуваат и стипендии за талентирани спортисти и млади, како и отворање на дисперзирани студии на спортската академија во Скопје, но и активности за рано откривање на талентирани деца во областа на спортот уште во основното образование.

– Во програмата проектирано е отворање на дисперзирани паралелки на Спортската академија во Велес, Гостивар, Охрид, Штип, Прилеп, Струмица, Битола и во општина Куманово (доколку локалната самоуправа се произнесе позитивно), со цел учениците во средното образование, преку посебно обликуван образовен процес во кој посебен акцент и поголема застапеност има на практичниот дел – тренажниот процес да се оспособат да постигнуваат спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да бидат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис, рече Капушевски.

Додаде дека ќе биде воведена и законска обврска  за сите училишта, односно за училишните спортски клубови да регистрираат екипи во 10 спортови, од кои најмалку 5 екипи да бидат активни и да бидат вклучени во системот на натпревари во рамките на училишниот спорт. Дополнително, рече, ќе се работи на стимулација за ангажирање на професионални тренери за поддршка на развојот на училишниот спорт.

– Ќе се анализира и можноста за формирање на Институт за спорт, како самостојна организациска единица во рамки на Факултетот за физичка култура при УКИМ, каде ќе се негува научната заснованост на спортот. Институтот ќе треба да даде придонес при носењето стратешки одлуки врзани за спортот и физичкото воспитување, како и да овозможи стручна поддршка на националните спортски федерации и спортски клубови во делот на врвниот спорт, истакна Капушевски.

Истакна дека за развој и унапредување на младите спортисти во Република Македонија ќе продолжи доделувањето стипендии на 500 млади спортисти. Со тоа, посочи, потенцираме дека веруваме во младите спортисти, во нивните капацитети и заради тоа активно инвестираме во нивната иднина. Стипендиите се доделуваат на спортисти кои оствариле резултати на официјални државни и меѓународни натпревари за возрасни категории до 20 години, во олимписки и параолимписки спортови.

– Истовремено, освен спортот во фокусот ни се и секојдневните социјално-културолошки потреби на младите и планирано за реализација е воведување на бесплатен викенд (петок,сабота и недела) еднаш во месецот за превоз на младите лица во железничкиот сообраќај во Република Македонија. Сите млади лица на возраст до 27 години ќе имаат право на бесплатен повратен билет во определен викенд во месецот, рече Капушевски.

Додаде и дека е планиран и Проект: 50% попуст за ученици и студенти – со кој се предвидува најевтино патување на најмладите граѓани на Република Македонија по пругите на Македонски железници со што, како што истакна, ќе се придонесе кон нивна поголема мобилност.

– За сите студенти, секој четврток во месецот ќе се овозможи бесплатен превоз во градските автобуси, жичарата на Водно и железничкиот сообраќај во Република Македонија. Паралелно на наведените сервисни услуги од страна на националните институции четврток ќе биде и денот кога студентите бесплатно ќе можат да ги посетат театрите, музеите и кината во Скопје и во државата, рече тој.

Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи и да одговара на реалните потреби на граѓаните. Граѓаните, рече, знаат да ја направат разликата со минатото кога воопшто не се инвестираше во оваа сфера.

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје