Кога детето чудно се однесува…

Од:

Вашето дете упорно турка зрно грашок во увото, го задржува воздухот додека не помодре во лицето или со воодушевување ја соблекува облеката од себе додека сте во продавница? Следуваат совети како да реагирате…

Ужива во соблекување на облека, каде било  и кога било 

Малото дете сака да биде голо и со големо задоволство ќе соблече се од себе. Разбирањето на сложениот поим, како што е пристојноста е претешко за него. Тоа нема доволно искуство за да знае што е прифатлив начин на однесување, ниту му е јасна поделбата на приватно и јавно однесување. Можеби само ја испробува новостекнатата моторичка вештина, бидејќи е гордо на својата способност да се соблече! Кога тоа го прави се чувствува како да има контрола врз нешто. До периодот кога детето може да сфати зошто не е секогаш се дозволено кога облеката е во прашање, поставете му јасни насоки и доследно спроведувајте ги. На пример: Може да биде голо во неговата соба, но облеката е неоходна кога е надвор или кога имате друштво. Наместо да му викате на детето и да го казнувате доколку се соблече, само повторно облечете го. Немојте да го плашите, бидејќи може да стекне погрешна претстава за своето тело, дури и да се срами од него. Во третата или четвртата година ќе почне да разликува што е јавно, а што приватно.

Удира со главата во оградата од креветчето пред спиење или кога нешто му е ускратено

Додека не прозбори и не умее да каже кога е уморно или вознемирено, детето се потпира на невербални начини на комуницирање, а удирањето со глава е еден од нив, колку тоа да изгледа чудно. Иако изгледа и звучи страшно, тоа е мошне честа појава кај помалите деца и најчесто е безопасна. Детето не се обидува да се повреди себе си, туку борејќи се со сонот, се смирува со изедначен ритам. Често пати децата удираат со глава и кога се лути, кога родителите нешто не им дозволуваат. Најчесто до третата година се надминува тоа однесување.

Задржување на воздухот кога сака нешто да постигне

Задржувањето на воздухот, кое обично трае од 30 до 60 секудни, во основа е искажување на бесот, а најчесто се јавува меѓу првата и втората година. Детето тоа воглавно го прави кога е вознемирено, раздразнето, уплашено, особено ако има жесток темперамент. Некои истражувања оваа појава ја поврзуваат и со генетиката. Најдобар начин на реакција е да не попуштате пред барањата на детето. Доколку попуштате го учите дека задржувањето на воздухот е начин да го добијат, тоа што го сакаат.

Туркаат мали предмети во нос или уво

Вашето дете е љубопитно не само кога станува збор за светот околу него, туку и сопственото тело му е возбудлив нов терен. Ставањето монистри, зрно грашак или грав, каменчиња или некои други ситни работи во носот или ушите е дел од неговото истражување. Веројатно веќе сте презеле мерки кога станува збор за избегнување на потенцијалните опасности за детето (посебно задушување). Но бидете внимателни со она што го сметате за опасно, како на пример, боички, помфрит, шпагети…Доколку детето го фатите на дело, смирено објаснете му дека тој мал предмет има друга намена, а не да се става во телото.

Попрво си игра со празни кутии, отколку со играчки

Вашето дете добило прекрасен подарок, но повеќе го забавува тоа во што е спакуван. Лути сте, но обидете се тоа да го согледате од негов агол. Детето веројатно мисли дека играчката е супер, но е воодушевено од погледот на кутијата, која е преполна со можности за играње. Всушност треба да бидете среќни поради тоа, бидејќи измислување на игри е најдобар начин да учи за светот околу себе. Се што ќе пронајде од крпче, до парче хартија, може да ја предизвика неговата фантазија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска