Во натпревар на аргентинската лига во фудбал помеѓу Расинг и Сан Мартин, во самиот финиш кога се веќе беше решено, при водство на Расинг од 3:1 беше исклучен голманот на домашната екипа. Бидејќи тренерот ги изврши сите измени,на голот мораше да застане играчот за врска Агустин Пелетиери. Интересно е тоа што требаше да се изведува пенал. Изведувачот на најстрогата казна изведе прецизен удар, меѓутоа Пелетиери покажа извонредни голмански способности и бравурозно го одбрани ударот.