Извор од Министерството за надворешна политика на Руската Федерација, соопшти дека државата ја протерува првата секретарка на амбасадата на Канада, во Москва, Маргарита Атанасов и дека таа мора да ја напушти Русија во рок од 14 дена.
Ова е одговор на неодамнешното протерување од Отава на помошникот на рускиот воен службеник, чие што име не е соопштено.
Како што вели изворот ова не е прв случај на „размена“, чиј што иницијатор е Отава. Помеѓу другото се работи за неосновани откази, во тек на издавање на визи на руски дипломати. Според него се е поврзано со антируската позиција на канадаските власт, по повод случувањата во Украина и на Крим.
Е. Г.