ФОТО: Пендаровски ги повика неопределените во недела да гласаат

Од:

Вистинската битка за слободна Македонија ќе почне по изборите, рече претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски пред жителите на Аеродром, кој ги повика граѓаните да излезат на гласање и да ги убедат неопределените да излезат на гласање.

biserSDSM

– Моја, ваша, наша заедничка задача е да работиме со тие луѓе да ги убедиме дека мора да излезат бидејќи не се обични избори.

– Дилемата не е дали ќе биде еден или друг во фотелја, дилемата е дали Македонија ќе продолжи по овој пат, нагласи Пендаровски.

sdsmAerpdrpm22apr (1)

Лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека неговата партија по победата на изборите нема да се одмаздува и да спроведува политички реваншизам.

– Ние нема да спроведуваме политички реваншизам кон недолжните граѓани, подвлече Заев.

sdsmAerpdrpm22apr (2)

Носителот на листата на СДСМ во ИЕ 1 Рената Дескоска обвини дека државата парите ги става пред здравјето на граѓаните и оти проектите се разидуваат со нивните реални потреби.

sdsmAerpdrpm22apr (5)

Доколку СДСМ ја добие довербата од граѓаните, ветија дека во фокусот на нивното владеење ќе биде и ревидирање на Законот за извршна постапка, 40 отсто поголема социјална помош, нови работни места и враќање на евтината струја.

sdsmAerpdrpm22apr (3)

Би можело да ве интересира

Трет ден кампања за Локалните избори 2025

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски