Фазлиу: ДУИ ги злоупотребува Македонски пошти

Од:

Носителот на изборната листа на ДПА за Првата изборна единица Беким Фазлиу денеска на прес-конференција ја обвини ДУИ дека го злоупотребила Јавното претпријатие „Македонски пошти“ за партиски потреби.

Според Фазлиу, голем број граѓани Албанци на нивните домашни адреси добивале писма, во кои лидерот на ДУИ Али Ахмети ги повикува да им ја дадат подршката на претстојните парламентарни избори на 27 април.

– Како наближува денот на изборите, така растат притисоците и заканите од ДУИ и се употребуваат најразлични методи како уцени, притисоци и закани. Тие ги принудуваат административците и сите вработени да направат списоци или во спротивно им се закануваат дека ќе ги избркаат од работа. Се обидуваат да ги исплашат луѓето со испраќање СМС пораки, а од денес и со писма по пошта со точното име и презиме, како и адреса на граѓаните. Ова е уште едно кривично дело и укажува, дека „Македонски пошти“ е во партиска служба на ДУИ, а не на граѓаните, рече Фазлиу.

За ова, додаде, информирани се сите дипломатски мисии акредитирани во Скопје.

Тој упати апел до сите административци, полицајци, здравствени работници, наставници и други вработени, да не наседнуваат на уцени и закани.

– Вие можете безбедно да излезете и да гласате и со вашиот глас да ја казните ДУИ гласајќи за ДПА. Со нашата победа на 27 и учеството на ДПА во новата Влада ќе заврши кошмарот на Албанците, изјави Фазлиу.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука