Лукашенко не верува дека Украина ќе влезе во НАТО и е против нејзина федерализација

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека зачувувањето и зацврстувањето на стратешкото партнерство со историскиот сојузник – Русија, останува приоритетна задача на надворешната политика на земјата.

– Тој пристап е законодавен и произлегува од самата суштина на интеграцијата. Денес ние ги остваруваме со Русија најзначајните проекти, вклучувајќи и изградба на атомски централи, дејствија за модернизација на воено-индустрискиот комплекс, рече тој во редовното обраќање кон белорускиот народ и Парламентот.

Лукашенко изрази длабока вознемиреност од продлабочувањето на украинската криза.

– Сите геополитички потреси, особено во Источна Европа, несомнено не засегаат, истакна тој и додаде дека Белорусија е крајно заинтерсирана од стабилна, просперитетна Украина и е подготвена да помогне за таа цел, рече Лукашенко.

Според него, Киев нема друг пат, освен да соработува со Русија и Белорусија.

Лукашенко истакна дека не верува оти Украина ќе влезе во НАТО, а исто така таа треба да остане „суверена, единствена, целосна држава“.

Би можело да ве интересира

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина