Косовската Влада го изгласа предлог-законот за продолжување на мисијата на ЕУЛЕКС

Од:

Косовската Влада на денешната седница го усвои предлог-законот за договор со Европската унија за продолжување на мандатот на ЕУЛЕКС во Косово.

Со документот е предвидено и формирање на специјален суд за истрага на воените злосторства во Косово извршени од поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК).

Со тоа е создадена правна основа предлог-законот изработен од Министерството за правда на Косово да биде испратен во Парламентот, каде утре пратениците треба да се изјаснат.

Предлог-законот за договор со Косово со ЕУ предвидува продолжување на мисијата на ЕУЛЕКС во Косово до јуни 2016 година со исклучок на специјалната истражна работна група.

Специјалната истражна работна група е формирана во 2011 година поради истрагата за воени злосторства кои се спомнуваат во извештајот на Дик Марти, а сега за тоа е задолжен специјалниот суд.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска