Платформа за 10 „жешки еко точки“ во Македонија

Од:

По повод 22 Април-Светскиот ден на планетата Земја, денеска повеќе од 25 еколошки невладини организации од државата ја потпишаа платформата „Зелена Македонија“ со политичките партии и коалиции, учесници на претстојните претседателски и парламентарни избори.

Платформата се состои од 10 точки кои се однесуваат на загадувањето на Велес, индустриското загадување на градовите Кавадарци, Тетово, Скопје, Битола и Кичево, заштита на националниот парк Маврово и реката Радика, намалување на шумската сеча, прогласување на Шар Планина за национален парк, …

Еколошките невладини организации сметаат дека во следниот четиригодишен период партиите треба да преземат мерки за решавање на т.н.„жешки еко точки“ во државата.

Лилјана Поповска од ДОМ, во име на коалицијата во која тие партиципираат, истакна дека покрај овие точки имаат дополнителни барања, кои од ДОМ ги договориле како услов за коалицирање, меѓу кои е таканаречениот зелен пакет.

– Во тој пакет на барање ни е решавањето на отпадот во Македонија односно решавање на депониите. Критичните точки како што се Тетово, Скопје, Битола, Кичево и други области кои се однесуваат на опасно и старо историско напластено загадување, практично ни се побарани и добиени како услов за наше коалицирање, нагласи Поповска.

Во името на СДСМ и коалициските партнери платформата ја потпиша Марјанчо Николов за која рече дека очекува да не биде и конечна, односно да се надополнува.

– Еколошките проблеми во Македонија се многубројни и крајно време е да почнат да се решаваат. Ние во Велес покажавме како може да функционираат невладините и политичките пертии во коалиција каде протестиравме против рестартирањето на топилницата. Очекувам дека ова што денеска го потпишуваме нема да заврши тука и по изборите оние што ќе ја формираат владата да ги реализираат точките, а опозицијата да ги актуелизира доколку власта ги заборави, рече Николов.

Посочените десет еколошки жешки точки на Платформа се идентични со оние на Министерството за животна средина. Невладините организации се надеваат дека  ќе почнат заеднички да ги решаваат.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска