(ВИДЕО) Ковачевски: Од Битола до Скопје по нов автопат!

Од:

„Власта на ВМРО ДПМНЕ во изминатите 8 години потроши повеќе од  15 милијарди евра државен буџет и повеќе од 200 милиони евра општински пари, а Битола и понатаму е оставена на маргините.

Битола е помеѓу првите градови во полнење на државната каса, но не за споменици и жални врби во Скопје, за дебели хонорари на уметниците туку за изградба на автопат и патни правци кои и тоа како ќе ги намалат транспортните трошоци на фирмите и на граѓаните

Од Скопје до Битола со автомобил се доаѓа за два часа, по пат кој е многу опасен по безбедноста на патниците. Но, гостинот Антонио Милошоски овој пат го врви само за време на избори, кога доаѓа овде да собери гласови за ВМРО ДПМНЕ. Останатото време удобно си го врви во главниот град Скопје, патува од станот до парламентот каде што тој и неговите сопартијци пратеници од Битола гласаа против сите предложени амандманите за подобрување на животот на битолчани“, рече Васко Ковачевски, Носител на пратеничка листа за ИЕ 5, СДСМ Битола.

„СДСМ во изборната програма, во делот на капитални проекти во патната инфраструктура предвидува проекти со цел да се подобрат условите за патно поврзување:

–          Изградба на автопат Велес-Прилеп-Битола

–          Проширување на патот Битола-Граничен премин Меџитлија кој би имал 4 коловозни ленти

–          Реконструкција на магистралните патни правци Битола-Ресен-Охрид и Битола-Демир Хисар-Кичево

–          Проект „Македонија без кал„ – патно поврзување и нормален живот во руралните средини

–          „Македонија мегалополис„ патно поврзување помеѓу најголемите градски центри во државата, патување за не повеќе од 90 минути

–          Реконструкција и изградба на патните сообраќајници на влезовите во Битола

Граѓаните во Битола и останатите градови во регионот ова го бараат и го заслужуваат!

Затоа, за нас ова се приоритети, и ние земаме ОБВРСКА дека истите ќе бидат реализирани во мандатот на идната нова влада на СДСМ и коалицијата предводена од Зоран Заев“, изјави Васко Ковачевски, Носител на пратеничка листа за ИЕ 5, СДСМ Битола.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ ќе ни изгори државата

Горан Наумовски

СДСМ: Дали корупцијата е главен мотив за предавство на националните интереси со „Казанџи Холдинг“?

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот

(ВИДЕО) Шукова: Скопје повторно ќе го издигнеме, со љубов кон градот и заедништво

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ

(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите