САД планираат поактивно да се вратат во Европа, тврди полскиот министер за одбрана

Од:

САД признаа дека Европа не e безбеднa и затоа планираат поактивно да се вратат на континентот, изјави денеска полскиот министер за одбрана Томаш Шемоњак по враќањето од неколкудневната посета Вашингтон.

Шемоњак изјави дека се договорени неколку полско-американски воени вежби, кои ќе го демонстрираат „зголеменото присуство на Американците во Полска и во Источна Европа“.

Тој не прецизираше колку војници ќе учествуваат во тие вежби, кои, како што кажа, е планирано да се одржат во најблиска иднина.

Министерот нагласи дека треба да се прави разлика меѓу тековните воени вежби и постојаното воено присуство на САД во Полска.

– Работиме на варијантата што може да се случи на краток рок. Не сакаме американските војници да пристигнат во Полска и едноставно да бидат тука, сакаме да соработуваат со нашите војници, истакна полскиот министер за одбрана.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија