Лицата, кои во детството биле жртва на насилство од страна на нивните врсници и по 40-та година од животот чувствуваат телесни, психички и социјални последици, покажуваат резултатите од едно британско истражување.
Студијата, која се занимава со последиците од насилството меѓу врсниците, претрпено во детството и раната младост покажува дека тие се „трајни и длабоки“ и дека лицата, кои како млади биле злоупотребувани и во периодот од 50-те години се со послабо телесно и психичко здравје, како и когнитивни способности.
– Последиците се видливи и по четири децении…таквите лица имаат здравствени проблеми, отежнато ги извршуваат општствените активности, а присутни се и економски последици, нагласува Рију Такизава, лидер на студијата, спроведена на Институтот за психијатрија при Кралскиот колеџ во Лондон.
Резултатите, објавени во американското специјализирано списание „Американ журнал од псахајатри“ потекнуваат од британската национална студија за развој на детето и вклучуваат податоци за сите деца родени во Англија, Шкотска и Велс во иста недела во 1958 година.
Студијата следеше 7.771 дете, чии родители откриле дека биле изложени на врсничко насилство во период од седум до 11 години. Тој примерок е следен до возраст од 50 години.
Повеќе од една четвртина од испитаниците, 28 отсто биле злоупотребувани повремено, а 15 отсто почесто.
Студијата следеше и други податоци, како што е коефициентот на интелегенција кај детето, емоционалните проблеми, проблемите во однесувањето и вклученоста на родителите во проблемите на детето. Утврдено е дека децата, кои често биле жртви на врсничко насилство се посклони кон депресија, анксиозност и помисли на самоубиство.
Освен тоа жртвите на врсничко насилство почесто постигнуваат ниски оценки, потешко остваруваат врски со партнерот и имаат помали шанси за квалитетен живот.