Лидерот на кипарските Турци, Дервиш Ероглу смета дека е можно уште оваа година да биде постигнато решение на деценицискиот конфликт околу поделениот Кипар.
Ероглу синоќа по средбата со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун во Њујорк, изјави дека преговорите со кипарскиот претседател Никос Анастасиадос за обединување на Кипар може да донесат резултати.
Двете страни на Островот се обидуваат да постигнат спогодба веќе со децении, со поддршка на ОН.
Преговорите меѓу лидери на двете заедници беа обновени во февруари, по 20 месечниот прекин, откако земјите се договорија за заедничка декларација со основните принципи, по кои ќе се водат преговорите.