Тачи: Ќе го вратиме достоинството на граѓаните

Од:

ДПА ќе го врати достоинството на народот, порача лидерот на партијата Мендух Тачи на вчерашниот митинг во Куманово.

– Да не дозволиме да се повтори гласањето од 13. април кога ДУИ ги заплашуваше Албанците да не излезат на изборите, заканувајќи им се и вршејќи им притисоци дека ќе останат без работа и без социјална помош, рече Тачи.

Тој посочи дека нивните политички противници од ДУИ го злоупотребуваат народот.

– ДУИ ја злоупотребува власта против својот народ. Ги понижува Албанците, гледајќи ги само како сточари и земјоделци. ДПА нема да го дозволи тоа, ние ќе го вратиме достоинството на народот, истакна Тачи.

Носителот на листата за пратеници од Втората изборна единица, Орхан Ибраими побара поддршка од граѓаните за престојните парламентарни изори.

– Ние треба да си помогнеме самите себе си, да не се плашиме и да гласаме за подобра иднина, рече Ибраими.

Додаде дека ќе се залага младите да останат во државата, бидејќи, како што потенцира, секоја година се помасовно заминуваат во странство. 

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226