75, играч на снукер листата младиот Англичанец, деботантот на Светското првенство Мајкл Восли го совлада светскиот број 2, Кинезот Жинхуи Динг, во првото коло на Светското првенство во снукер.
Двајцата одиграа 3 сесии што е некарактеристично, но денеска попладне го пробија временскиот термин, па по завршетокот на вечерниот термин тие ги одиграа двата преостанати фрејма.
18. го доби Восли, многу атрактивно, но во последниот 19. влезе во брејк и застана на 35.
Грешката не ја искористи Динг и по многу надмудрувања Восли одигра одличен потег на последната црвена (можеби и на среќа), сепак на крајот избегна 3 снукер позиции и успеа да го добие фрејмот за конечна победа и сензација во Крусибл театарот во Шефилд.
Во следното коло ќе игра против победникот од Дејвис или Дејл.