Треторангираниот играч на снукер листата, а четвртиот носител на Светското првенство во Шефилд, Марк Селби се намачи против младиот Велшанец Мајкл Вајт и го победи по максимално одиграни 19 фрејма.
Во 18. фрејм се случи една бизарна ситуација, имено, Селби мислеше дека е фрибол ситуација, иако судијата не рече дека е, требаше да ја удри жолтата топка, а тој одигра на виолетовата, со што направи фаул од 6 поени. Подоцна го загуби тој фрејм и одлуката за победникот падна во последниот 19. фрејм кој го доби Селби.
Во следната рунда Селби игра против Алистер Картер.