(ФОТО) Спасовски: Во недела се избира дали Македонија ќе биде слободна и правична држава

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска оствари средби со своите сограѓани од Куманово.

Спасовски разговараше со граѓаните на градскиот плоштад а посети и повеќе домаќинства од кумановските населби „Вера Которка“ и „Гоце Делчев“.

Во разговорите, Спасовски презентираше дел од мерките во новата програма на СДСМ.

-Еден од клучните столбови е враќањето на средната класа во Република Македонија, она што беше урнисано во изминатите 7 години. Без средна класа, нема напредок. Затоа велиме потребен е нов почеток. Потребен е нов политички концепт кој ќе подразбира власта да им служи на граѓаните а не да владее со нив“ рече Спасовски.

Спасовски рече дека на 27-ми април, граѓаните ќе избираат дали Македонија ќе биде слободна и правична држава, во рацете на народот, или пак ќе остане сопственост на неколкумина кои сакаат да контролираат се.

Тој ги повика своите сограѓани да присуствуваат на вечерашниот граѓански собир во Куманово на кој ќе се обрати и кандидатот за Претседател, Стево Пендаровски, како и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

10253971_272997736211190_646681260985493190_n

1239664_272997826211181_2573194642909031609_n

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина