(ВИДЕО) Орцев: Секој заслужува безбеден и достоинствен живот во својата старост

Од:

Сегашната влада за осум години направи повеќе од 40 отсто од пензионерите да земаат пензија од 6 до 8 илјади денари што не се доволни за пристоен живот. Повеќе од 60 проценти од лицата над 60 години се на работ на сиромаштијата, изјави денеска кандидатот за пратеник на СДСМ Панче Орце.

СДСМ направи низа мерки кои ќе ги подобрат условите на сите пензионери, истакна Орцев.

„Ќе воведеме државна социјална пензија во висина од 40 отсто од просечната пензија за сите оние кои немаат никакви примања. Пензионирање по два основа, по старост и по стаж. Ќе ги покачиме пензиите, а ќе овозможиме и докуп на стаж до 5 години. Ќе правиме усогласување на пензиите со потрошувачката кошница на три месеци наместо на шест како што е тоа сега предвидено, а не го прави сегашната влада, рече Орцев.

Пензионерите во Скопје ќе користат бесплатен превоз секој ден од 9 до 14 часот, а останатите во другите градови ќе користат субвенции во парични средства колку што користат пензионерите во Скопје, истакна кандидатот за пратеник на СДСМ Панче Орцев.

Тој порача дека ќе бидат изградени многу повеќе пензионерски домови како и дневни центри за престој на пензионерите, бидејќи секој заслужува безбеден и достоинствен живот во својата старост.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он