Драма во Tетово: Без причина му го расекол вратот

Од:

Вистинска крвава драма се одвивала синоќа во Тетово. Околу 21 часот и 25 минути во Клиничкиот Центар во Тетово бил примен 19-годишниот Ц.В. со повреди во пределот на вратот.

Според податоците од полицијата, инцидентот се случил во интернет кафето „Бени“, додека повредениот седел внатре, при што без повод и причина 20-годишниот Л.К. станал и со нож во пределот на вратот го расекол, по што бил пренесен во болница од страна на присутните. Набрзо насилникот бил пронајден и приведен.

За среќа, повреденото момче е надвор од животна опасност.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски